Gacha роботизиран автобус :: И да врне, и да вее…

И да врне, и да вее…

Првиот роботизиран автобус во светот наменет за сите временски услови вози со пневматиците Nokian Hakkapeliitta

Објавено на 22 март 2019 година

Gacha е првиот самовозечки роботизиран автобус кој функционира во сите временски услови. Она што ова возило го чини единствено е способноста доверливо да работи дури и во отежнати услови – по мрак, дожд, снег или што и да е. Зимските пневматици Nokian Hakkapeliitta на кои се тркала овој автобус придонесуваат за тоа на патниците да им се пружи безбедно и удобно патување дури и во екстремни услови. Досега тешките временски услови го спречуваа функционирањето на самовозечките автомобили бидејќи тие беа развивани и тестирани во услови на топло време. Gacha користи потполно нова технологија за управување која помина тестирање во арктичките услови на Лапонија. Тоа на ова возило му пружа конкурентска предност во однос на останатите самовозечки решенија.

Елегантниот автобус Gacha претставува револуционерно возило од најновата генерација развиено од страна на финската компанија Sensible 4 и компанијата MUJI од Јапонија. – Сакавме да развиеме самовозечки автобус кој доверливо би функционирал дури и во најлошо време. Тешките услови исто така поставуваат големи барања во поглед на контактот меѓу возилото и патот. Заради тоа зимските пневматици Nokian Hakkapeliitta за нас претставуваа природен избор бидејќи на одличен начин го комплетираат нашиот систем, вели Хари Сантамала, генералниот директор на компанијата Sensible 4. Развиени за екстремни услови, пневматиците Nokian Hakkapeliitta се производ на повеќедецениското искуство стекнато во изискувачки и променливи услови. Наменети се за возења таму каде ненадејните промени на времето се вообичаена појава. Безбедноста на зимските пневматици е оптимизирана за снег, мраз и лапавица на полигонот „Бел пекол”, најголемиот испитен центар за зимски пневматици во светот. Температурата која е во минус преку 200 дена пружа изискувачки но истовремено и одлични услови за тестирање и развој на најбезбедните зимски пневматици во светот.

Пневматикот е единствена точка на допир на возилото со патот, што го прави важен безбедносен фактор – дури и кај самовозечките автомобили. Според неодамнешното истражување што компанијата Nokian Tyres го спроведе во Европа, скоро 60% од возачите сметаат дека зимските пневматици се најважен безбедносен елемент на автомобилот. Какви пневматици ќе бидат потребни за возилата на иднината? – Многу што ќе се случи во автомобилската индустрија во блиска иднина. Сообраќајната технологија се вмрежува и автономните роботизирани возила ќе станат дел од секојдневието. Контролните системи на овие самовозечки возила бараат врвни пневматици и сеопфатни податоци за нивната работа за возењето да се направи проактивно и безбедно во сите услови. Развојот на нови видови услуги и технологии на паметните пневматици нѝ овозможува да ги задоволиме променливите потреби на идниот сообраќај и идните клиенти, вели Јука Каси, постар потпретседател задолжен за производи и технологија во компанијата Nokian Tyres.

Автобусот Gacha опремен со зимски пневматици Nokian Hakkapeliitta R3 без клинци на јавноста ѝ беше претставен овој месец. План е во текот на пролетта овој автобус да започне да превезува патници во три фински града. Sensible 4 и MUJI настојуваат да развијат самовозечки минибуси за јавна употреба и услугите за превоз да ги понудат на корисниците веќе во 2021 година.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER