GAC започна да произведува во Грац

Австриската Magna се покажува како добра солуција за кинеските марки

Како последица на воведувањето на царините за електричните автомобили во Европа, кинеските производители во своите планови вклучуваат отворање на фабрики на Стариот континент. Но за тоа треба време и пари, а ним им се брза. Затоа и австриската Magna која со децении е договорен производител на возила за други марки се покажува како добра солуција. Посебно сега кога останува без BMW Z4 чија кариера наскоро завршува. Така после XPeng пред некој месец сега и GAC производството на Aion V за Европа им го довери на Австријците. Со тоа кинеската компанија полесно може да го продолжи своето ширење на европскиот пазар.

Aion V е компактен СУВ сличен по големина на Volkswagen ID.4 кој досега се продаваше само во Финска, Полска и Португалија. Има автономија од 650 километри а цените му стартуваат од 36 илјади евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER