Фудбалот го слави легендарниот Аиртон Сена

На престојниот натпревар од Првата португалска лига, играчите на Есторил Праја ќе се појават во специјално дизајнирани дресови

Аиротн Сена е име запишано со златни букви во историјата на Формула 1. Првата победа во неговата блескава кариера во Формула 1 ја издејствува на патеката Есторил во извонредно тешки метеролошки услови возејќи Lotus-Renault, откако стартуваше од пол позицијата, прва во неговата кариера во врвната категорија, победи на Гран При на Португалија.

На тој 21-ви април 1985 година, се споија земјата и небото, а патеката беше прекриена со вода, услови кои FIA веќе не ги дозволува поради безбедносни причини. Од Есторил до неговото трагично загинување на патеката во Имола на Големата награда на Сан Марино во Williams-Renault, на 1-ви мај 1994-та година, Сена постигна 41 победа, 80 подиуми и три титули во најбрзиот циркус на светот.

Сакајќи да му оддадат почит на „дождовниот човек“, прекар што асот Сена го доби за неговите вештини на влажни патеки, каде времињата по круг не му се разликуваа од оние на сув асфалт, организирани се два големи настани.

По повод 40-те години првата победа во Формула 1, на патеката Есторил внукот на Аиртон, Бруно Сена, ќе седне зад воланот на Lotus 97T со кој неговиот вујко победи во 1985 година. Исто така, во натпреварот од 30. коло на Лига Португалија закажан за 18 часот, Есторил Праја, против СЦ Брага, ќе се појави на теренот облечен во нов дрес, со кој му се оддава почит на поранешниот шампион, самоисповеданиот навивач на Кашкаи и Португалија.

Овој дрес нема да го продава Есторил Праја, направен е само во омаќ на автомобилскиот ас. На дресот има елементи инспирирани од иконографијата на Аиртон и дизајнот на кацигата и боите на Лотус со кој бразилскиот возач победи во Португалија во 1985 година. Црната е боја е доминантна изкомбинирана со златни детали на јаката и ракавите, а во долниот десен агол извезен датумот на победата на Сена и дизајнот на патеката.

А, лево, исто така во долниот агол, има претстава на гестот на возачот во моментот на карираното знаме и неговата прва победа во Светскиот шампионат во Формула 1. Оваа специјална едиција со нумерирани дресови на клубот се трите ленти во зелена, жолта и сина боја инспирирани од декорацијата на кацигата на Сена. Во тимот на Есторил Праја има само еден Бразилец, Винисиус Заносело кој изјави: „Аиртон е идол на Бразил.

Се чувствувам почестен што можам да му оддадам почит на овој начин. Луѓето живееја со многу тешкотии и Сена им донесе среќа. Затоа, до ден-денес, тој се смета за херој во мојата земја“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER