Како Франција го полни буџетот со оданочување на автомобилите

Собрани двојно повеќе од триста продадени Porsche 911 отколку од 49 илјади Dacia Sandero

Анализата на францускиот буџет за првите три квартали годинава покажува интересни податоци – само триста продадени примероци од Porsche 911 донеле многу поголеми приходи отколку 49.270 испорачани Dacia Sandero. Или во пари изразено купувачите на германските спортски модели на државата ѝ платиле 20 милиони евра а оние на евтините романски хечбеци два пати помалку – само 9,8 милиони. Поинаку кажано, секој нов сопственик на 911 ја почестил државата со неверојатни 67 илјади евра. Ова се должи на нивниот систем на оданочување кој покрај данокот на додадена вредност предвидува и екстра давачки според еколошките параметри на возилата – колку повисоки емисии на јагленород диоксид имаат во издувните гасови, толку повеќе плаќаат.

Воведен уште во 2008-ма година овој систем во кој во поново време е вклучена и тежината на возила има за единствена цел да ги одврати купувачите од скапите возила и истовремено да ја стимулира продажбата на помали и еколошки настроени автомобили. И тоа конкретно бидејќи од собраните пари се обезбедуваат субвенциите за електричните возила, иако со текот на годините се покажа дека тие не се доволни за комплетно покривање. Според анализите, сумите воопшто не се за потценување – од еколошката такса годишно се собираат по 700 милиони евра од кои повеќе од половина доаѓаат од германските премиум марки вклучително и Porsche, додека пак домашните производители заедно со Dacia учествуваат со 18 отсто. Интересно е и што на второ место најприходни модели за државната каса се наоѓа BMW X3 со 18 милиони евра а на третото Volkswagen Tiguan.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER