Renault Megane и Scenic ќе добијат бензински верзии

Се залета ли Renault премногу со електрификацијата?

Во контекст на претставувањето на новиот Twingo се појавија информации дека се размислува идните генерации на Megane и Scenic планирани за крајот на деценијава повторно да бидат бензински. Овие модели претставени пред три години како чисто електрични не ги исполнија очекувањата заради што иако необичен ваквиот пресврт е сосема логичен. Се разбира електричниот погон нема целосно да се напушти но постоењето верзии ако не со конвенционални мотори тогаш барем со продолжувачи на автономијата полесно ќе ги врати инвестициите во развојот. Од тие причини се работи на нова платформа за моделите од Ц-сегментот која ќе поддржи повеќе видови погонски групи наменета уште и за Austral, Espace и Rafale. Барем засега не постои опасност истото да се случи и со помалите Renault 4 и 5 бидејќи за разлика од Megane и Scenic тие не се борат да пронајдат купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER