Ford – Transit Custom

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Нови модели и услуги за професионалците

На саемот за транспорт во Хановер Ford го претстави темелно ревидираниот Transit Custom, кој за прв пат ќе биде достапен како приклучен хибрид и како целосно електрична варијанта. На конференцијата за печат најавено е дека во втората половина на 2023 година, серијата Transporter ќе има нова платформа со понизок под за товарење и задна независна суспензија со адекватни електрични решенија. На барање е достапен пакет Mobile Office, во кој воланот може да се прилагоди во хоризонтална положба и да се користи како маса.

Новата варијанта со преграда во форма на буквата L нуди до пет седишта, три напред и две во вториот ред, со максимална должина на товарниот простор до три метри. Целосно електричниот E-Transit Custom ќе има стандарден домет до 380 километри. 2,5-литарскиот мотор со приклучна хибридна подршка Transit Custom PHEV има автономија до 57 километри само на струја. Дизел моторите покриваат опсег на моќност од 110 КС до 170 КС.

Покрај овој новитет во Хановер е изложен новиот Ranger во варијантите Raptor и Wildtrak. Бизнис линијата Ford Pro го претставува својот холистички концепт на возило, сервис, полнење, софтвер и финансирање на деловните клиенти. Целта е да им се обезбеди на комерцијалните клиенти најдобра можна поддршка и да им се помогне да се префрлат на електромобилност. Новата генерација на Transit Custom го воведува и новиот систем „Ford Pro Upfit“, кој има за цел да ја олесни работата и интегрирањето на дополнителни услуги за градежниците.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER