Откриени првите детаљи
Традицијата во класата на спортско-активни возила Ford ја продолжува претпазливо
објавено 14. октомври 2021
Љубителите на мултифункционални возила со нетрпение го очекуваат мај 2022 кога е закажано лансирањето на новиот Ford Tourneo Connect. Следната генерација на семејното и комбе за слободно време ќе биде достапна во две должини на каросерија и верзија со седум седишта.
Таквото растегање ветува 3,1 кубни метри волумен на товарниот простор кога седиштата се спуштени што доаѓа како порачано за љубители на повеќето спортови со реквизити. Се предвидуваат четири линии на опрема со кои Синиот овал сака да се приклучи на VW Caddy, Opel Combo, Citroen Berlingo итн. Посебните карактеристики на новиот Tourneo Connect се флексибилен внатрешен простор и нов дигитален кокпит со монитор на допир од десет инчи.
Тоа вклучува навигација, поврзување преку Интернет, како и до 19 системи за помош меѓу кои е асистент за маневрирање што го олеснува движењето наназад со приколка. Иако влегува на пазарот идната година во нова генерација, барем за сега, никој не ја споменува електрификацијата. Затоа понудени се две верзии на дволитрениот турбо-дизел со моќност од 102 и 122 КС. Бензинците ги застапува 1,5-литарски турбаш со меки 114 КС. Како алтернатива на стандардниот 6-степен мануелен менувач понуден е 7-степен автоматски со двојна спојка достапен за бензинскиот мотор и за помоќниот дизел. За прв пат понуден е погон на сите тркала со посилниот дизел во комбинација со 6-брзински мануелен менувач.