Возевме: Ford Ranger Raptor » Коњ за парада и работа

Коњ за парада и работа

Во портфолиото на Ford значаен дел заземаат пикапите. Сите го знаат F-150 кој е американска икона и воедно најпродавано возило во историјата на тој пазар. За европски услови овој пикап е апсурден, па затоа понуден е Ranger во врвната изведба Raptor.

Објавено на 8 септември 2019 година
автор: Крумислав Барзов

Ford не сака да се откаже од својата програма на пикапи во Европа. Според продажните статистики Ranger е најпродаван во класата. Врвот е осамено место кого сите го напаѓаат, а на него тешко е да се одржиш доколку немаш постојани подобрувања. Затоа лансирана е луксузната верзија Raptor која не случајно потсетува на американскиот џин. Имено, F-150 Raptor едноставно е преголем за европските патишта, за паркирање, за возење низ град, а неговите мотори се далеку од вкусовите на купувачите на стариот континент и поради потрошувачката и поради емисијата на издувни гасови. Затоа е понуден дволитрен четирицилиндерски турбо-дизел кој испорачува 213 коњи, впарен со 10-степен автоматски менувач различен од адекватниот американски според големината на запчаниците.

Според димензиите, Ranger Raptor делува колосално

Долг е повеќе од 5,5 метри, широк 2,2 а височината е поголема од два метри. Со овие пропорции бара големо внимание при возењето во урбани средини и на магистрални патишта бидејќи зазема цела сообраќајна лента. Самото негово појавување во сообраќајот предизвикува стравопочит од другите учесници во сообраќајот а звукот на моторот кој се добива преку специјално развиениот звучен систем  го тера возачот да ја притиска педалата за забрзување посилно. Тој произведува звук типичен за набилдан V6 агрегат. Доминантното високо седење дава одличен преглед на патот, а луксузно исполнетата внатрешност со алкантара, спортски обликуваната инструмент табла и централна конзола чувство како да се наоѓате во луксузно спортско-корисно возило.

Иако има теренски пневматици возењето по асфалт е удобно и зачудувачки прецизно. Просто е неверојатно со каква леснотија се управува овој џин. Тоа е постигнато со ставање на спирални пружини и гасни амортизери на задната оска, многу модификации на каросеријата и заштита на виталните делови со 2,3 mm дебели челични панели. Ова последното е важно за теренско возење, кое исто така нé остави без здив. Првичните теренски возења не беа толку предизвикувачки, но ни ги наговестија потенцијалите. Со помош на електрониката на располагање се дури шест модуси на возење кои во комбинација со одличната механика се импресивни.  Normal, Grass/Gravel/Snow и Mud/Sand се помалку или повеќе модуси кои зборуваат сами за себе. Во Sport во основа се добива повеќе сила на задната оска. Rock го дотерува погонот на сите тркала со редуцирање на силата и го деактивира ESP. Последниот модус е Baja, кој во основа е модус за дивеење и брзо возење на терен кој го активира посебното дотерување на тракцијата. На нерамен терен, токму во тој мод, возевме со брзина поголема од 100 km/h. Вториот дел од теренското возење во пракса ги почувствувавме „планинарските“ манири на  Ranger Raptor. Немавме можност да го натовариме просторот предвиден за тоа и да возиме чија носивост е нешто повеќе од 600 килограми, но нема сомнение дека и со товар ќе се однесува надмено. Следната фаза се одвиваше на тесните далматински патчиња исполнети со свиоци каде повторно дојдоа до израз управливоста и лесното возење на овој колос. Финалната фаза на возење се одвиваше по автопат на кого ја забележавме максималната брзина од 180 km/h кој без поголеми потешкотии се одржува. Во инает на големината, Raptor на автопат се однесува и се вози како компакт.

Ranger Raptor е способен да искачи нагиб од 24 степени и да се спушти под агол од 33 степени

По изминатите околу 180 километри во секакви услови бев повеќе од импресиониран. Доколку се корегираат неколку позиции, ова би било возило од соништата. Помалку импресивен е квалитетот на пластиката во кабината, а огромните ретровизори при брзини поголеми од 140 km/h вибрираат. Но во ниту еден случај не смее да заборавиме дека во Ranger Raptor се обединети две возила кои имаат исто така две функции. Едната е да издржи работа во тешки услови, а втората е да се перчи сопственикот со несекојдневниот колосален изглед проткаен со нишки на луксуз. За пофалба е потрошувачката од 12 литри нафта која ја пријави борд компјутерот за време на возењето. Цената од 59.000 евра до регистрација се доближува до луксузната Mercedes X класа, но за разлика од споменатиот кој е доработка на Nissan Navara, Ford Ranger Raptor е изворен и оригинален. За оние кои не го сакаат дизелот на располагање се две верзии на 2,3 литрениот EcoBoost турбо-бензинец од 290 и 350 коњи.

основни податоци Ford Ranger Raptor
мотор: 4 цилиндри, 4 вентили по цилиндар, директно вбризгување на горивото, два турбо компресора, 1.996 cm³, 213 KS при 3.750 min⁻¹, 500 Nm при 1.750-2.000 min⁻¹
трансмисија: автоматски менувач со 10 степени, погон на сите тркала, редуктор, пневматици со димензии 285/70 R17
каросерија: пикап со 4 врати, 5.363×2.028×1.873 mm, меѓуоскино растојание 3.220 mm, тежина 2.510 kg, максимална тежина: 3.130 kg, резервоар 80 литри
перформанси: максимална брзина 170 km/h, забрзување 0-100 km/h за 10,5 секунди, просечна потрошувачка 8,9 l/100 km, емисија на CO₂ 233 g/km
цена: 59.000 евра

[su_custom_gallery source=”media: 29506,29507,29508,29509,29510,29511,29512,29513,29514,29515,29516,29517,29518,29519,29520,29521,29522,29523,29524,29525,29526,29527,29528,29529,29530,29531,29532,29533,29534,29535,29536,29537,29538,29539,29540,29541,29542,29543,29544,29545,29546,29547,29548,29549,29550,29551,29552,29553,29554,29555,29556,29557,29558,29559,29560,29561,29562,29563,29564,29565″ limit=”100″ link=”image” target=”blank” title=”never”]

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER