Ford Puma ST – Електрифицирана и засилена

Три цилиндри и 48 волти

Интересно до бесвест – така може најкратко да се опише новата верзија на Puma ST која Ford ја опреми со благ хибрид со 170 коњи и седумстепен автоматизиран менувач со две спојки. Значајно е што оваа моќност моторот на малиот кросовер ја извлекува од само еден литар зафатнина, чии три цилиндри се облагородени со EcoBoost технологијата.

Во споредба со досега најсилната Puma која располагаше со 15 коњски сили помалку, новата верзија има 48-волтен стартер-генератор задвижуван со каиш кој побрзо ја надополнува батеријата. Тоа овозможува подолг период на зголемувањето на силата кое го дава електромоторот, со што до 100 километри на час стигнува за кратки 7,4 секунди. Притоа просечната потрошувачка е задржана на 6,3 литри на 100 километри а емисиите на јагленород диоксид на 144 грама на километар.

Од другите технички измени вреди да се споменат ревидираниот систем за управување и унапреденото ослонување со поцврсти стабилизатори, додека за безбедноста се грижат поголемите сопирачки дискови напред. Естетиката е подобрена со измените на аеродинамичните елементи и новите 19-инчни тркала. Цената сé уште не е позната, а како и другите верзии ќе се произведува во фабриката на Ford во Романија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER