Ford по само 37 дена ги затвори нарачките за Mustang GTD, а интересот останува голем
Ако по утрото денот се познава Mustang GTD ќе има доста успешна кариера – и покрај цената од 325 илјади долари за најекстремниот Ford се пријавиле 7.500 купувачи. Тоа е најмалку пет пати повеќе отколку што се планираше а сигурно ќе имаше уште заинтересирани продажната служба на компанијата да не запреше со примањето нарачки по само 37 дена.
Сепак не можеа повеќе бидејќи потенцијалните купувачи ќе мораа да чекаат повеќе од две години за него. Всушност три бидејќи првите примероци ќе бидат испорачани наредната 2025-та. Мораше да се остави простор и за негов глобален пласман – покрај Мексико, Канада и Блискиот Исток како што иницијално беше планирано, Mustang GTD ќе биде понуден и во Европа.
Структурата на заинтересираните купувачи покажува дека околу 20 отсто од нив имаат некаква врска со професионалниот авто-мото спорт, а 25 отсто веќе поседуваат некоја друга верзија на Mustang. Овој модел чија кратенка во името доаѓа од Grand Touring Daytona го задвижува 5,2 литарски V8 мотор со 800 коњски сили кои ги добива со помош на компресор. Внимателно конструиран има идеален распоред на тежината од 50:50 на двете оски, а ослонувањето е специјално развиено од тркачката дивизија на Ford.
Тоа е во состојба да се прилагоди на подлогата во сите услови на возење, при што во тркачкиот режим висината на возилото се спушта за 40 милиметри. Целокупната школка е од пластика засилена со јагленородни влакна, а керамичките сопирачки се стандардна опрема. Најимпресивното на него сепак е активната аеродинамика која со помош на хидраулика го менува аголот на задниот спојлер и ги активира крилцата под предниот дел на возилото. Треба да се спомене и дека Mustang GTD е хомологиран за редовен сообраќај.