Ford Mustang Dark Horse SC

Ford ги израдува љубителите на перформансите со посебната изведба на Mustang

Следејќи ги постулатите на ултимативниот GTD и Dark Horse, новата верзија на американскиот пони е автомобил фокусиран за тркачка патека но со поприфатлива цена. Има 5,2 литарски компресорски V8 мотор чиј број коњски сили не е објавен но се очекува да изнесува околу 700.

При конфигурирањето на автомобилот се искористени бројни подобрувања преземени од GTD моделот а каросеријата претрпе опсежни аеродинамични преработки. Редизајнираната маска има зголемени отвори, алуминиумската хауба е нова а задниот дифузор и спојлерите ја оптимизираат стабилноста при големи брзини.

Стандардни се MagneRide адаптивните амортизери, пружините се ревидирани а Brembo сопирачките унапредени. Перформансите ги подобрува и опционалниот тркачки пакет опрема составен од 20-инчни тркала од јагленородни влакна, специјални пневматици и варијабилна контрола на силата со повеќе нивоа на интервенција.

Внатре воланот е со рамно дно, се среќаваат акценти од карбон и алкантара а достапни се и Recaro спортски седишта. Цената не е објавена но се очекува да биде шестцифрена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER