Ford Kuga Titanium – Понуда што тешко се одбива

Барате модерен кросовер со разумна цена? Гранд Ауто има понуда за мерак.

Љубителите на модерните кросовери сега имаат одлична причина за радост. Достапна во продажниот салон на Гранд Ауто, новата Ford Kuga доаѓа со атрактивна понуда која комбинира врвни перформанси, напредна технологија и елегантен дизајн, сè тоа по цена од само 27.900 евра. Со импресивни 184 коњски сили и автоматски менувач, Ford Kuga со Titanium ниво на опрема и 1.5 EcoBoost четири цилиндерски мотор нуди динамично и удобно возачко искуство, идеално  за градско возење и за подолги патувања. Оние што ќе се одлучат за Ford Kuga Titanium добиваат и пет години гаранција или 150.000 изминати километри со 24 часа помош на пат низ цела Европа, 17 инчни алуминиумски тркала и амбиентално осветлување за поголема удобност. Цената од 27.900 евра ја прави Ford Kuga еден од најконкурентните кросовери на пазарот во својата класа, обезбедувајќи одличен сооднос помеѓу цена и квалитет.

За повеќе информации, посетете го сајтот https://ford.mk/

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER