Ford Kuga – пристигна во Македонија

Вести Македонија

Збогатена и поскапена

објавено 19 октомври 2020

Новата генерација на популарнотоо спортско-корисно возило на Ford пристигна на нашиот пазар. Сега Kuga ги исполнува сите еколошки стандарди нудејќи три типа на мотори. Во игра остануваат дизелите, изборот на бензинците е зголемен а во асортиманот се додадени класични и плаг-ин хибриди. Во изборот се уште останувааат верзиите со погон на предните и сите тркала а новост е без степениот CVT менувач. За разлика од претходните генерации сега ви игра се три нивоа на опременост и тоа Titanium, ST Line и Vignale. Почетното ниво располага со долг список на опрема а цените се движат од 31.000 евра за верзијата со 1,5 литрен TDCI со 120 коњи и погон на предните тркала, па се до 50.500 евра за престижната Vignale со погон на сите тркала, TDCi од 190 коњи и осум степен автоматик.