Откако лани мораше да подмири енормни 365 милиони долари за царински малверзации при увозот на доставни возила од Турција, Ford повторно се најде на мета на американските власти. Овој пат ќе мора да плати 165 милиони заради ненавремената и бавна замена на задните камери на возилата и недоволно транспарентно информирање на сопствениците за тоа. Такво беше обвинувањето на националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата кое Ford доброволно без ангажирање на судските инстанци го прифати, вклучително и казна што следеше со него.
Се согласи и целиот процес на замена на неисправните задни камери на вкупно 600 илјади возила кој започна во 2020-тата и уште не е завршен да биде надгледуван од трета страна. Ќе мора да ги прегледа и сите досегашни сервисни интервенции за да ги увери властите дека сé е направено како треба. А проблемот всушност и не е така опасен и е поврзан само со 17 помали сообраќајни несреќи бидејќи во некои случаи мониторот место слика од камерата при возење наназад да покажува син екран и се решава со ажурирање на софтверот.