Ford – GT40

Занимливости насловна

„Специјалка“ за пензија

Производството на суперавтомобилот Ford GT ќе заврши следната година.

објавено 17. август 2021

Синиот овал за повлекувањето на супер спортскиот GT подготви ограничена серија која оддава почит на оригиналот од 1964 година. Само за потсетување, таа година GT победи на 24 часовната трка на Ле Ман запишувајќи се во историјата како единственото американско победничко возило на таа патека. Специјалниот модел Ford GT ’64 Prototype Heritage Edition е модерна интерпретација на оригиналот со класични елементи како што е надворешната боја и лентата што се протега на покривот и задниот спојлер. Модерните акценти вклучуваат компоненти изработени од јаглеродни влакна.

Тоа не се однесува само на украсните елементи, туку и на тркалата од 20-инчни, сопирачките Brembo со црна графика и црни навртки на тркалата. Јаглеродни влакна се користеа и во внатрешноста на праговите на вратата, предните столбови и централната конзола. Со Алкантара е пресвлечен интериерот почнувајќи од седиштата, воланот и предната конзола искомбинирана со бокс кожа. За предвидениот број на произведени примероци и цената никој ништо не спомнува. Прво се чекаат реакциите пред почетокот на производството планирано за јануари 2022.  Ford GT ’64 Prototype Heritage Edition може да го нарачаат само овластени купувачи на Ford GT. Ова се обично клиенти кои веќе поседуваат Ford GT.