Ford – Focus 2022

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Дискретно ретуширање

Затегнати линии, LED светла, блага хибридизација и две каросерии

објавено 15. октомври 2021

Главниот акцент на редефинирањето на Focus е ставен на коненктивноста, стилот и задолжителната хибридизација, макар таа била во блага форма. Покрај вообичаеното средување на маската на ладилникот и светлата, дотерувањето на хечбек и караван изведбите првенствено вклучува нови електронски асистенти и инфозабавен систем, како и нов дизајн на линиите за опременоста.

Компактниот модел во иднина ќе биде достапен во верзиите Cool & Connect, Titanium, Active и ST-Line. Изведбите X и Vignale достапни се само како надградба на Titanium, Active Crossover и ST-Line. Системот за поврзување Sync4, вклучувајќи навигација со врска со апликации. Тие се проектираат на 13,2 инчен екран на допир во пејзажен формат, поставен над централната конзола.

Што се однесува до електронските асистенти, системот за предупредување за слепи точки сега користи управувачки импулс за да привлече внимание кон ризичната промена на лентата. Опсегот на моторизацијата останува практично непроменет. Меѓутоа, двата благи хибридни модели со 125 и 155 КС сега се достапни со 7-степен менувач со двојна спојка. Тие користат 48 волтна техника која може значајно да допринесе на штедливоста. Не е заборавена ниту ЅТ изведбата од чие членство е исклучен турбо-дизелот со 190 коњи и сета борба му ја препушти на 2,3-литарскиот турбо-бензинец.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER