Ford Fiesta – Пензионирана по 47 годишна кариера

Вчера заврши да се произведува еден од иконските модели на „Синиот овал“

Fiesta е еден од најдолготрајните модели на Ford и од нејзиното претставување во 1976 година, повеќе од 18 милиони примероци се продадени ширум светот. Таа нема директен наследник празнината ќе ја потполни електричната верзија на кросоверот Puma, иако останува да се види дали тоа возило ќе може да ја долови суштината. Останува нејасен мотивот за пензионирањето на Fiesta.

Официјално овој потег се оправдува со зголемениот интерес на потрошувачите кон кросовери како и зголемената популарност на електричните возила. Европската филијала овој потег го најави пред осум месеци и наговести дека треба да ослободи простор во фабриката во Келн за производство на електричниот Explorer. Мартин Сандер, генералниот директор на Ford за европските електрични модели, изјави дека погонот каде се произведуваше Fiesta е претворен во целосно батериска електрична централа. Затоа моравме да донесеме одлука дека треба да го прекинеме производството на Fiesta. За жал, Fiesta не е единствениот иконски хечбек на Ford кој е отфрлен во име на електричната револуција. Следен модел е Focus чие производство ќе престане во 2025 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER