Ford Explorer – По низа перипетии, влезе на монтажната лента

После долго време одложување и само еден месец пред планираното претставување, Explorer влезе во производство.

Вториот електричен модел на синиот овал во  фабрика во Келн Explorer станува реалност. Ford со инвестиција од две милијарди долари започна со производството на европскиот Explorer.

Овој момент не само симболично претставува значаен пресврт на марката на патот кон нејзината иднина. Целиот процес на производство е високо автоматизиран со вештачка интелигенција и околу 600 роботи, што го гарантира квалитетот на возилата кои ќе излегуваат од погоните каде досега се правеше Fiesta.

Заслуги ќе има и Volkswagen кој согласно меѓусебниот партнерски договор ја отстапи електричната платформа од ID.4. Неа инженерите малку ја модификуваа повеќе да одговара на духот на возилата на Ford, додека дизајнерите пак се потрудија да испорачаат сосема поинаков изглед.

Така Explorer настапува со сопствен карактер поддржан со три погонски групи со моќност меѓу 170 и 340 коњски сили и автономија до 600 километри. Цените стартуваат од 42.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER