Ford Explorer & Capri – Зголемена сила и автономија

За да ги подобри своите пазарни позиции во Европа Ford се подготвува да ги унапреди електричните Explorer и Capri кои се настанати како резултат на соработката со Volkswagen.

Клучните измени вклучуваат нови батерии и посилен електромотор кај попристапните верзии. Тие отсега ќе располагаат со 190 коњски сили и 350 њутн-метри вртежен момент со кои се добиваат поживи перформанси и подинамично чувство во возењето.

Батериите пак со литиум-железо-фосфатна технологија обезбедуваат автономија и до 70 километри поголема од досегашните вредности. Од Ford истакнуваат дека новите батерии овозможуваат почести полнења до 100 отсто од капацитетот без негативно влијание на долготрајноста.

Освен тоа се побезбедни и помалку токсични. Цените и почетокот на продажбата не се објавени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER