По осум месечно одложување, Ford во јуни ќе започне со сериско производство на Explorer EV
Првото БЕВ на компанијата што ќе се произведува и е наменето за Европа требаше да биде на пазарот пред крајот на минатата година, но почетокот на производството беше одложен поради надградувањето според новите европски стандарди за батерии. Првите примероци на Explorer, како што објави производителот, ќе бидат испорачани на клиентите во август.
Почетната цена на Explorer се очекува да биде под 45.000 евра. Со цел да го забрза воведувањето на електрични возила во Европа, „синиот овал“ има индустриското партнерство со Volkswagen Group. Explorer ја користи платформата MEB и е технолошки близнак со VW ID4. Ford ќе го произведува кросоверот во Келн. Во истата фабрика на крајот на годинава ќе почне да се произведува братот на Explorer во купе интерпретација кој ќе ја дели основата со VW ID5.
Ова е преодно решение за Ford. Следната генерација електрични возила, која ќе се лансира за најдоцна четири години, ќе биде на сопствена платформа и ќе се произведува во Валенсија.


