Дебитираше петтата генерација на огромниот американски теренец Ford Expedition

Базиран на ултрапопуларниот пикап F-150 тој ги има преземено неговата робусност и габарити – во стандардната изведба долг е 5,3 метри, а во продолжената за 30 сантиметри повеќе. И двете верзии се достапни со седум или осум седишта – разликата е само во багажникот.

Дизајнот му е нов и во добра мерка различен од стилот што се среќава кај F-150. Маската му е складна и без многу хром, а светлата хоризонтално поделени. Новост е петтата врата која се отвора во два дела, детаљ за кој американскиот производител тврди дека е од ретро природа.

Големо внимание е посветено на ентериерот во кој се среќаваат доста линии преземени од луксузните модели на Lincoln. Ова посебно се однесува на контролната табла на која доминираат два огромни дисплеја.

Со механиката не се многу експериментираше и Expedition и понатаму е задвижуван од познатиот 3,5 литарски турбо бензинец со шест цилиндри на располагање во две верзии, со 400 односно 440 коњски сили. Вообичаено за Америка, погонот може да биде само на задните или на сите четири тркала.

Цените ќе стартуваат од 61.700 долари што е за десетина отсто повеќе од сегашната генерација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER