На низата производители кои ги одложуваат своите електрични планови им се придружи и Ford
Европската филијала на компанијата се премислува околу 2030-тата како датум кога целосно ќе премине на струја. Причината официјално е забавувањето на ширењето на електричните возила и недоволната инфраструктура за полнење на нивните батерии, но приказната има и финансиска страна.
Според изјавите раководителите на Ford веруваат дека е неопходно на купувачите покрај електрични да им се нудат и возила со хибриден погон. Конечна одлука не е донесена но ситуацијата на пазарот внимателно се следи за компанијата да биде подготвена брзо да се прилагоди ако биде потребно.
Досега Ford реагираше со одложувањето на идните електрични модели на американскиот пазар.