Но во строго ограничени количини
Како еден од најпрепознатливите модерни производи на Ford, за реинкарнираниот Bronco владее огромен интерес. Затоа и купувачите во Европа не беа на приоритетната листа, но тоа ќе се смени – официјално е потврдено дека Bronco ќе им се придружи на Mustang и Explorer во продажните ценовници на дилерите на марката на Стариот континент. Но не веднаш – дури од крајот на следната година и не секаде туку само во земјите каде се вози по десната страна на патот. Има и уште една лоша вест – количините кои ќе бидат на располагање ќе бидат строго ограничени, иако не е објавено што тоа точно значи. Не се објавени ни цените ниту пак спецификациите на европските верзии – се знае само дека ќе биде лансирана верзијата со четири врати и дека опременоста ќе биде на високо, дури и премиум ниво.