Ford Bronco – Подготвен за Европа

Во инает на сите трендови

Големиот теренец ќе дојде на Стариот континент во ограничен број

После пар години неизвесност и некој месец откога и официјално беше најавен, Ford Bronco пристигнува во Европа. Иако овој исконски модел на Стариот Континент ни оддалеку го нема имиџот што го ужива во Америка, јасно е дека ќе ги измеша картите во овој навидум доста стабилен сектор на европски пазар на кој ни оддалеку не се нуди нешто слично.

Ќе биде во фокусот не само на оние кои ги сакаат вистинските американски теренци, туку и на сите кои бараат нешто различно. Секако, понудата во Европа нема да биде така обемна како во Америка, а стриктно ќе биде лимитиран и бројот на возила кои ќе бидат пласирани – неофицијално се зборува за само неколку стотици. Купувачите ќе можат да бираат само меѓу една верзија на погонот и две на опременоста, кои наголемо се разликуваат.

Изборот падна на 2,7 литарскиот V6 кој произведува 335 коњски сили, во пакет со електронскиот систем за нивна распределба на сите терени. Со овој мотор споен со 10-степен автоматски менувач Bronco забрзува од 0 до 100 километри на час за 6,7 секунди. Но и покрај уникатната атрактивност на овој теренец, она што нема да им се допадне на европските купувачи е цената која ќе стартува од 75 илјади евра. Првите испораки во зависност од земјата каде ќе се продава се предвидени меѓу јуни и септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER