Ford – Ќе се врати ли Fiesta како ЕВ?

Само две недели од пензионирањето, се размислува Fiesta да се врати во понудата?

Европската филијала на Ford „случајно“ се излета и кажа дека во моментов истражува повеќе можности да ја врати Fiesta од мртвите. Тоа му се случи на Мартин Сандер, одговорниот за патничките автомобили во Форд Европа.

Најголемиот мотив е соработката на Дирборн со Волфсбург во однос на идните електрични автомобили и теренци. За своите електрични возила на Стариот континент „синиот овал“ ја користи платформата MEB на Volkswagen Group. На неа е направен Explorer EV. Исто така, MEB ќе послужи и како основа за уште еден електричен кросовер, кој треба да се појави следната година.

Што се однесува до Fiesta EV, големи се шансите дека компанијата со седиште во Дирборн ќе ја користи претстојната евтина платформа MEB Entry на Volkswagen. Сепак, Мартин Сандер јасно стави до знаење дека ништо конкретно не е решено и дека Fiesta EV заснована на MEB Entry засега е само желба. Со оглед на тоа што Ford моментално развива сопствена платформа за мало возило, Fiesta EV може да биде поставена на сопствена платформа. Сепак Сандер изјави дека Fiesta EV не котира високо на листата на приоритети на европската дивизија.

Иако не објасни зошто, големи се шансите Форд Европа да не сака конвенционален хечбек и во моментов се форсира Puma EV која ќе се произведува во фабриката во Крајова од 2024 година. Ford стравува дека потпирањето на технологиите на конкуренцијата ќе и наштети на компанијата. Explorer EV базиран на MEB и сè уште непотврдениот Capri EV се само земање здив и потполнување на недостаците што Ford ги има направено во последните години на полето на електричните возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER