Red Bull Ford F1
Синиот овал ќе обезбеди хибриден погон за тимот на Ред Бул од 2026
На денот на претставувањето на болидот на Ред Бул за сезоната 2023 во Њујорк, Форд објави дека се враќа во најбрзиот циркус на светот по речиси 20 години пауза. Тоа ќе го направи како снабдувач на мотори за „црвениот бик“ од сезоната 2026.
Како дел од долгорочното стратешко партнерство со актуелниот шампион Форд најави дека ќе влезе во сојузот и ќе ја развие новата генерација хибридни двигатели за Ред Бул и сестринскиот тим Скудериа АлфаТаури. Направениот договор дефинира дека партнерството ќе трае најкратко до 2030-та година.
Мотив за ваквата одлука е порастот на популарноста на Формула 1, особено во САД како и подржување на компаниската посветеност на електричните погони. Форд има богата историја во мото спортот и се вбројува како трет најуспешен производител на мотори во историјата на Формула 1 со освоени десет конструкторски и 13 возачки шампионати.


