Ford и Volkswagen во сојузништво

Ford и Volkswagen во сојузништво

Двата големи производители заеднички ќе прават комби возила, со цел да заштедат милијарди
Објавено на 16 јануари 2019 година

Притисокот на производителите на возила за намалување на трошоците и пренасочување на инвестициите кон напредните технологии резултираше со сојуз на Ford и Volkswagen. Двата лути ривала и понатаму ќе бидат тоа, но ќе соработуваат со цел да заштедат милијарди. Договорот меѓу двете компании обелоденет на салонот на автомобилите во Детроит предвидува заедничко производство на комерцијални возила, но најверојатно ќе се прошири и на други полиња, пред сé во развојот на електричните и автономни технологии. Соработката ќе се одвива чисто на комерцијален план, без никаква размена на акции или спојување на друг начин. Деталите за сојузништвото не се објавени бидејќи сé уште не се прецизирани. Од извршните директори на компаниите сепак се дознава по нешто интересно, како на пример дека на Volkswagen ќе му биде ставена на располагање Ford-овата платформа од Ranger. Неофицијално се споменува дека постои можност за производство на возила со знакот на VW во фабриките на Ford.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER