Ford им плаќа на купувачите да се откажат од Bronco

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

И тоа го има!

Наново заживеаниот Bronco на Ford му создаде многу проблеми – побарувачката е толку голема што компанијата е принудена на необични начини да се справи со лошиот имиџ што го остава кај заинтересираните купувачи. Најновиот меѓу нив е попустот од 2.500 долари доколку некој што веќе нарачал Bronco се откаже од него во замена за друг модел. Понудата важи и за исто така бараните Mustang и Maverick, ако се земе возило од залиха. Попуст ќе добијат и оние кои место со нарачаната спецификација се одлучат за друга помалку барана конфигурација на Bronco.

Ford Bronco е претставен летото 2020 година со широка палета верзии и повеќе од двеста фабрички додатоци. Но пореметувањата во синџирот на набавки предизвикаа производството да доцни, заради што се создадоа долги листи на чекање, посебно за неговите атрактивни изведби.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER