Ford го прекина развојот на Focus RS (и видео-тест на Focus ST и Ranger Raptor)

Ford го прекина развојот на Focus RS

Лоша судбина го снајде Ford Focus RS

Објавено на 18 април 2020 година

Иако со пореметена агенда, автомобилската индустрија има големи планови за годинава. Доста нови модели ќе бидат лансирани, но некои постоечки ќе ја напуштат сцената. Меѓу нив ќе биде и Ford Focus RS, кој настрада заради сé построгите норми за издувните гасови. Наменет за ентузијасти и за одржување на имиџот на марката, тој никогаш и не целел кон големи продажни резултати. Место тоа од бројките кај него високи беа цената и секако коњските сили кои првата генерација ги имаше 212, втората 305 а третата 355. Погонот на сите тркала и вкупно околу 70 отсто различни делови од стандардниот Focus правеа да биде вистинска тркачка машина во компактно пакување, во кое за екологијата немаше многу место. Заради тоа Ford го прекина развојот на неговата четврта генерација, која беше планирана за лансирање идната година со мотор од околу 400 коњски сили.

Дупката во понудата колку-толку ќе ја пополни Focus ST, кој има 280 коњи, чиј тест заедно со оној на Ranger Raptor можете да го погледнете на следново видео.

Видео

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER