Fiat Ulysse и Scudo – приказната продолжува таму каде застана

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Нови модели, стари имиња, позната формула

објавено на 28 октомври 2021

Не така одамна Ulysse и Scudo беа заеднички производ на Fiat и PSA. Но по спојувањето со Chrysler Италијанците се повлекоа од овој дел од меѓусебната соработка и го укинаа моноволуменскиот Ulysse а место доставниот Scudo го понудија Talento кој беше ребрендиран Renault Trafic. Сега, пак, кога дојде времето на Stellantis, приказната за овие два модела продолжува таму каде застана. Сличноста со соодветните модели на Peugeot и Citroen (но и на Opel и Toyota) лесно е забележлива. Сето ова, посебно што сите тие имаат по две изведби (моноволуменска и доставна) со различни називи можеби ќе ги збуни купувачите, но Fiat со причина наново ги заживеа добро познатите имиња. Ќе се произведуваат на добро познатото место, некогашната заедничка фабрика Sevel Nord во Франција, а асортиманот ќе биде широк како и кај неговите роднини. Тоа значи дека каросеријата ќе биде со три должини, патничкиот Ulysse ќе се нуди во верзии со 6 и 9 седишта, а Scudo пак како фургон, комби или шасија со кабина. Секако, ќе биде достапна и електрична верзија.

Освен оваа една единствена фотографија и дека Scudo ќе се појави на пазарот при крајот на оваа или на почетокот на наредната година а Ulysse во првиот квартал 2022-ра, Fiat не објави никакви детали за нив.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER