Fiat е големо име кога малите автомобилите се во прашање но нема среќа во компактната класа
Имиџот на марката гордо го бранеше Tipo цели единаесет години без никакви назнаки дека ќе добие наследник. Неговото место идната во дилерските ценовници идната година ќе го зазеде нова кросовер верзија на Grande Panda чие семејство допрва ќе расте. Во хечбек, седан и караванска изведба Tipo се произведува во Турција каде се продава под ознаката Egea а едно време во Мексико и Блискиот исток се пласираше како Dodge Neon. Од него досега се продадени околу 700.000 примероци кои очигледно не беа доволни за Stellantis. Новиот модел ќе се обраќа на поинаква публика очигледно подготвена да плати повеќе и ќе биде на располагање во бензинска и електрична изведба.


