FIAT – Scudo

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Комплетиран квинтет

FIAT Scudo е достапен и во чисто електрична верзија.

Групацијата Stellantis го оформи својот квартет во класата на лесни комерцијални возила од еден тон. Доклолку се земе во предвид дека италијанскиот сестрински модел на Citroën Jumpy, Opel Vivaro и Peugeot Expert е на иста основа со Toyota Proace па квартетот, всушност е квинтет. Scudo е достапен во кратка, средна и долга верзија.

Обемот на товарење е 4,6, 5,3 или 6,1 кубни метри, во зависност од меѓуоскиното растојание. Благодарение на преклопеното совозачко седиште и отворот во преградниот ѕид, нараснува на максимум 6,6 кубни метри. Товарот што може да го понесе Scudo е до 1,4 тони. Новиот Fiat има низа помагала за возење како што се препознавање сообраќајни знаци, предупредување за напуштање лента и предупредување за слепа точка, предупредување за преден судир и камера за заден поглед од 180 степени.

Системот за контрола на пролизгувањето може да се нарача за поголема тракција при лизгави услови или на неасфалтирани патишта. Покрај електричниот погон сочинет мотор од 136 КС и батеријата од 50 kWh, достапни се и четири дизел мотори со моќност помеѓу 102 и 177 КС со можмост на пренос преку шестстепен мануелен и осумстепен автоматски менувач.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER