FIAT Panda наполни 40 – Искусна и зрела

Среќен роденден и нека ти се множат!!!

Магичната кутија попозната од харизматичната азијска мечка чие име го носи

објавено на 21.07.2020

Четири децении да се опстане на пазарот е тежок и комплициран процес. Во оваа временска дистанца Panda имаше три генерации но остана доследна на коцкестиот и едноставен дизајн со кого ги освои срцата на купувачите. Таа беше и остана носител на пионерски идеи кои италијаните успешно ги пласираа. Да не заборавиме дека долго време беше единствениот припадник на сегментот ”А” со погон на сите тркала, прва го понесе револуционерниот но пред време повлечен од комерцијална употреба двоцилиндерски турбо бензинец Twinair, а веќе за верзијата со хибриден погон продадени се 59.000 со што постигна завидни 17,1% од сегментот.

Од дебито во 1980 година до сега за неа се одлучија 7,8 милиони купувачи. Таа е создадена да биде употребувана, да се живее со неа, да биде функционална и да се снаоѓа во секакви ситуации, улици и  патишта. Токму затоа FIAT Panda е своевидна легенда. Во блиската иднина таа ќе продолжи да изненадува. Нејзината иновативна природа служи како константен извор на инспирација за дизајнерскиот тим кој константно трага по умни и функционални решенија за гратски автомобил на иднината под работен наслов FIAT Concept Centoventi, одговор на компанијата за одржлив мобилитет базиран врз 120 годишната историја. Во тоа важна улога игра Panda за која се предвидува долга и успешна еволуција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER