Чудни вести пристигнуваат од Fiat – директорот на италијанскиот производител Оливие Франсоа изјави дека тој би ја ограничил брзината на градските автомобили на марката како алтернатива на вградувањето скапа безбедносна технологија.
Предлогот е ограничувањето би било поставени на само 118 километри на час колку што претставува просечната законски дозволена максимална брзина на европските автопатишта.
Според него заради строгите безбедносни прописи цените на малите автомобили во последниве пет-шест години имаат пораснато за 60 отсто. Тој смета дека е тешко да се разбере зошто во нив мора да се вградуваат бројни сензори, камери, системи за препознавање сообраќајни знаци и друго
што е неадекватно и непотребно за автомобили кои најчесто се користат во град како што се 500, Panda или пак Grande Panda. Неговата смелост да даде ваквата изјава доаѓа од фактот дека овие модели и сега не можат да се пофалат со некои големи максимални брзини што очигледно многу не им пречи на купувачите.
На пример електричната Grande Panda заради заштита на батериите е ограничена на 132 километри на час, бензинските верзии постигнуваат 160 а бројките на Fiat 500e се 135 кај верзијата на струја и 150 километри на час кај хибридот.


