Претставениот концепт може бргу да стане сериски модел

Историјата на моделот Panda е тесно поврзана со нејзината 4×4 изведба. Таа кусо време по лансирањето стана голем хит и симбол за сестран мал автомобил што не знае за пречки, ниту на асфалтот, ниту вон него.

На претставувањето на Grande Panda, Италијанците беа претпазливи со амбициите за проширување на моделската понуда. Сега тие гордо го обелоденија концептот Grande Panda 4×4, но повторно се воздржани во техничките детали. Концептот е замислен со електрифицирана иновативна задна оска. Оваа карактеристика би му овозможила на возилото да испорача перформанси во урбани средини и на потежок терен.

Со оваа модерна реинтерпретација на Panda 4×4, FIAT ја потврдува својата желба да ги спои наследството и иновациите, без да ја изгуби од вид автентичната и длабоко популарна душа на моделот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER