Иако далеку од нашата реалност, од Бразил доаѓа технички важна вест дека Fiat на тамошниот пазар лансираше благи хибриди кои како погонско гориво користат етанол
Основа на приказната е еднолитарскиот турбо мотор со три цилиндри кој испорачува 130 коњски сили, за почеток наменет само за моделите Fastback и Pulse.
Комбиниран со електромотор и мала литиум-јонска батерија сместена под седиштето на возачот, тој според Fiat има за околу 11 отсто помала потрошувачка. Алкохолот кој се добива од шеќерна трска е доста популарно гориво во Бразил – дури 83 отсто од новите автомобили на пазарот се прилагодени за негово користење.
Со него оваа земја практично е енергетски независна од нафтата барем кога се во прашање приватните автомобили. Затоа и следен чекор на Stellantis ќе биде развој на стандардни и плаг-ин хибриди кои можат да работат на етанол, а слични намери имаат и General Motors и Honda.