Fiat Doblo и E-Doblo

По потреба ван, комбинирано возило или комби, на бензин, дизел или струја

Кралот на практичноста, кај нас доста популарниот доставен модел Fiat Doblo, стигна до петтата генерација. Согласно новите констелации во кои се наоѓа италијанскиот производител, Doblo сега повеќе ги нема турските корени во себе – тој е во тесна родбинска врска со останатите вакви модели од Stellantis и ќе се произведува во Шпанија. Затоа и неговата електрична верзија E-Doblo не претставува изненадување.

Како и досега, Doblo ќе биде достапен во две должини и три различни конфигурации – ван, комбинирано возило или комби. За поголема функционалност применети се некои модуларни решенија, како на пример Magic Cargo склопливата преграда со која товарниот простор се зголемува за 0,5 кубни метри и се овозможува превоз на предмети со должина до 3,4 метри. Во некои верзии достапно е и преклопливо совозачко седиште со посебно заштитен простор под него. Исто така како опција е и Magic Mirror дигиталниот ретровизор со екран од 5 инчи кој има три различни прикази – ретровизор, преглед на мртвиот агол или камера за паркирање. Функција специфична за електричниот E-Doblo е Magic Plug која овозможува енергијата од батериите да се користи за други потрошувачи, на пример ладилник за товарниот простор или приклучок за електрични алати. Товарниот простор на доставната верзија има максимална зафатнина од 4,4 кубни метри, а носивоста изнесува еден тон кај класичните, односно 800 kg кај електричната верзија.

Doblo ќе биде достапен со два 1,5 литарски дизел мотори со 100 KS и мануелен и 130 KS и осумстепен автоматски менувач. Бензинската верзија има мотор од 1,2 литри и 110 KS, додека електричната располага со електромотор со 136 KS кој се напојува од батерии со капацитет од 50 kWh, доволни за автономија од 280 km. Постигнува максимални 130 km/h, а возачот може да бира меѓу три режими на работа – нормален, економичен и перформансен. Времето на полнење на еднонасочен полнач од 100 kW до 80% од капацитетот изнесува 30 минути.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER