По претставувањето на 600е, дојде време и за изведбата со благ хибрид
На почетокот на идната година FIAT ќе ја лансира на пазарот втората верзија на моделот 600. Овој пат таа ќе има мотор на согорување чии задачи ќе ги олеснува благиот хибрид од 48V.
Синергијата помеѓу три цилиндерскиот бензинец од 1,2 литри со 100 коњи, јон-литиумската батерија и новиот шест степен автоматик со двојна спојка содржи електро мотор од 21 kW. Дополнителната електрична моќност дава еластичност при тргнувањето и мали вртежи на бензинскиот мотор што овозможува тивок старт и брзи одговори при забрзување. Воедно, во градски циклус на возење може да го превземе движењето до 30 км/ч.
Струјата доаѓа до израз и кога се вози со перманентна брзина на автопат. Оваа солуција овозможува 600 hybrid да ја смали потрошувачката на бензинскиот мотор до 15% и да емитува 110 до 114 грама СО2 на километар. За сега FIAT не дава прецизни датуми кога ќе започне продажбата ниту за цените.