Преку кусо видео лансирано на YouTube, FIAT тивко го прикажа новиот модел 600 Elektro
Филмот направен како запознавање со новиот модел 600 Elektro е наречен „Отворени врати“. Во него електричното возило патува од Хирошима во Јапонија до Буенос Аирес во Аргентина, до Акра, главниот град на западноафриканската земја Гана и до Ерусалим во Израел. На патувањето, Fiat 600 Elektro ги отвора вратите за да пречека луѓе од различни земји и култури. Завршната сцена е пристигнувањето на плоштадот Свети Петар во Рим за да учествува на „Светската средба на човечкото братство“ организиран од ватиканската фондација Fratelli Tutti.


