Шарениот свет на Fiat
На најдолгиот ден во годината, денот кога најмногу може да се ужива во сонцето, Fiat повика да уживаме и во италијанските бои на летото
Fiat продолжува на сосема невообичаен начин да го најавува пристигнувањето на новиот 600e – после краткото видео во кое тој навидум случајно се појавува (прочитајте повеќе тука), италијанските маркетиншки мајстори сега го потопија автомобилот во голем базен со боја, заедно сосе директорот на компанијата Оливие Франсоа. Идејата за ова дојде од таму што тој лично учествувал во селекцијата на боите со кои ќе се испорачува новиот модел, но тоа не е и пораката на ова видео, туку под закрилата дека Италија како земја полна со светлина, уметност, убавина и магични бои го инспирираше Fiat како мисија да си зеде обврска да донесе нови паметни решенија и во светот да внесе оптимизам кој му е потребен.


