Специјалниот концепт е направен да послужи џелато на 300 луѓе дневно
Која е разликата помеѓу сладолед и џелато? Ако мислите дека е само лингвистичка, многу сте згрешиле! Џелато не е само љубов кон студениот десерт, тоа е посебен рецепт на подготвување, посебна температура на сервирање, тоа е италијански пристап кон конзумирање на студената страст.
Тоа е и страста која ги инспирира „тифозите“ да направат уникатен концепт на 500e, кого, за оваа прилика, го трансформираа во мал камион за сладолед. FIAT 500e Gelateria Edition се базира на кабриолет верзијата на урбаното ЕВ. Торинските креатори својата студија ја нарекува „најмалата џелатерија во светот“ иако некаде во Италија има уште помали возила или колички што носат сладолед. И покрај неговата компактна големина, 500e Gelateria Edition е способен да усреќи околу 300 луѓе дневно. Специјалната смеса се чува во два замрзнувачи хранети од батериите на автомобилот со вкупен капацитет од 30 литри, додека има посебен простор за сета неопходна опрема.
Сите седишта, сем возачкото, се отстранети трансформирајќи го 500e во едносед што му овозможува на возачот, кој е воедно и послужувач, слободно да се движи во работниот простор. За надворешноста, FIAT избра двe бои со светло сини и крем нијанси кои потсетуваат на италијанските џелатерии од 50-тите. Слична тема беше применета и на внатрешниот тапацир. И ова не би бил италијански концепт доклку не би имал тепично италијански зачини.
Преку озвучувањето се емитираат исечоци од познати оперски арии за да се привлече внимание. Прикаската тука не запира. FIAT создаде нов вкус на џелато инспириран од традиционалниот топол торински пијалок наречен Бицерин направен од кафе, чоколадо и овесно млеко. Основата на „Gelateria Edition“ е недопрена. Има електричен мотор од 118 КС и батерија од 42 kWh. Дополнителната тежина и ладењето на фрижидерот ја намалуваат автономијата.
Но кој се грижи за тоа кога во прашање е џелато? Особено за тоа не се грижат британците, за кои е ова единствено возило посветено. FIAT 500e Gelateria Edition ќе ја носи италијанската посластица во лондонските квартови Камден, Гринич и Вестминстер Сити и наскоро ќе биде ангажиран во 14 градови во Обединетото Кралство. За разлика од традиционалните британски камиони кои ги користат своите дизел мотори за да напојување на ладилниците, електричнот 500е го прави тоа тивко и без издувни гасови… И ја слави операта над британскиот најголем извозен производ – Рок енд ролот!