Fiat повторно најпродаван меѓу марките на Stellantis

Продолжува подемот на Fiat

Исто како и лани, и во првото полугодие од 2023-тата Fiat ги надмина продажните резултати  на другите марки во портфолиото на Stellantis

Ако во 2022-рата изненади со највисоката продажба меѓу сите 14 марки на француско-италијанско-американската групација, ваквите бројки сега некако беа очекувани. Според резултатите, Fiat во периодот јануари-јуни годинава има продадено 645 илјади возила, што е пораст за 10 отсто во однос на лани. Повеќе од половина пласман е реализиран на неевропските пазари – Fiat доминира во Јужна Америка каде држи дури 14,1% од пазарот, а најмногу во Бразил – 22%. И Турција е важна за Fiat каде марката учествува со импозантни 18,2%, за што челниците на компанијата. И домашниот италијански пазар е сериозен за марката со 12,8 отсто освоени купувачи.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER