FIAT најдобaр во Stellantis
Групата Stellantis ги објави резултатите од своето работење за 2022 година кои ја изненадија јавноста.
Имено со политиката на високи цени која ја имаше и намалувањето на трошоците заради синергијата на двете корпорации од кои настана, приходите се зголемија за 18 отсто на 180 милијарди евра а нето профитот за 26 отсто на 17 милијарди евра. И сето тоа со за два отсто помало производство од лани, кое стигна до 5,7 милиони возила. Задоволни се и нивните купувачи бидејќи стапката на дефекти во првите три месеци по испораката е намалена за 30 отсто.
Регионално најдобрата заработувачка дојде од Северна Америка а меѓу марките на големо изненадување на сите најуспешен беше FIAT. И покрај застарената и сосема испразнета гама италијанскиот бренд во 2022 година глобално има испорачано 1,2 милиони возила, што е за десетина отсто подобро од Peugeot. Лидер е на пазарите во Бразил, Турција и Италија. Исто така, FIAT а заслужен е и за зголемувањето на продажбата на електричните возила. Групацијата лани вкупно пласира 290.000 ЕВ, а има вкупно 23 електрични модели. Апсолутно најпродаван од сите нив е FIAT 500e кој зазема 40 отсто од вкупната бројка.
За 500е се одлучиле 120.000 купувачи од кои 66.000 во Европа. Согласно со ова претседателот на FIAT, Оливие Франсоа, најави дека годинава од италијанската марка треба да очекуваме два нови електрични модела. Не прецизираше кои но еден од нив веројатно ќе биде верзија на Jeep Avenger, од кој ќе се изроди и модел на Alfa Romeo. Сите тие ќе се произведуваат во фабриката во Полска.


