Fiat го продава Magneti Marelli

Fiat го продава Magneti Marelli

Седум милијарди долари – толку е сумата што FCA ја побара за својата подружница за производство на компоненти за авто-индустријата
Објавено на 22 октомври 2018 година

Во пресрет на својата стогодишница, Magneti Marelli ќе го смени сопственикот – за прв пат после 1967 година кога и официјално стана дел од групата Fiat. Оваа позната компанија и порано беше во тесни врски со националниот италијански производител на возила бидејќи е основана како заедничко вложување со извесен Ерколе Марели со цел производство на бобини за автомобилската и авионската индустрија, но сепак официјално влезе во големото семејство на Fiat во 1967 година. Денес Magneti Marelli се занимава со производство на широк спектар автомобилски компоненти, пред сé електроника, од што остварува годишен приход од нешто над 7 милијарди евра, колку што скоро изнесува сумата што FCA ја побара за неа. Таа сепак не беше превисока за јапонскиот добавувач на авто-делови Calsonic Kansei, кој нејзините 86 фабрики ширум светот на почетокот на идната година ќе ги додаде на своите 58. Со тоа, како наведуваат од FCA, ќе биде оформен седмиот најголем производител на авто-компоненти на светот.

Во пакет Јапонците ќе ги добијат и прават за користење на брендовите AL-Automotive Lighting, Carello, Cromodora, Cofap, Ergom Automotive, Jaeger, Mako Elektrik, Paraflu, Securvia, Seima, Siem, Solex, Veglia Borletti, Vitaloni, Weber…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER