Ferrari со два нови модела
И покрај тоа што 2020-тата ќе биде година на консолидација, Ferrari планира да лансира два нови модела
Објавено на 25 април 2020 година
Привременото затворање на погоните ниту го одложи ниту го откажа лансирањето на планираните два нови модела на Ferrari годинава, кои треба да се појават во втората половина. Тие ќе бидат дел од планот за проширување на понудата започнат лани со лансирањето на пет нови модела – F8 Tributo, F8 Spider, SF90 Stradale, 812 GTS и Roma. Со него се планирани вкупно 15 нови модела во период од пет години. Љубителите на марката најмногу се надеваат Purosangue да биде еден од планираните за лансирање годинава, но тој сепак е закажан за 2022-рата. Затоа се поставува прашањето кои други сегменти Ferrari ќе ги нападне? Челниците на компанијата не сакаат да ги откријат, додавајќи дека секој нов сегмент за нив е интересен доколку се имаат на ум душата на автомобилите и позиционираноста на марката. Големи изненадувања сепак не треба да се очекуваат – најмногу шанси годинава да се појават имаат унапредениот Portofino и електрифициран модел со сосема нов V6 мотор.


