Добра година, уште подобра заработка
Ferrari лани од продаден автомобил заработил колку Nissan од 926
Објавено на 12 април 2020 година
Минатата година беше доста успешна за Ferrari – марката од Маранело за прв пат продаде повеќе од 10 илјади возила. Поточно 10.131, но побитно е што добро заработи од нив. Според податоците порастот на приходите изнесува 10,1 отсто и достигна 3,766 милијарди евра, а оперативната маржа дури 23,2 отсто. Пресметано поинаку, тоа значи дека Ferrari од секој продаден автомобил лани во просек има заработено по 86.369 евра. За споредба, BMW мора да продаде 30 возила да заработи толку, Volkswagen 56, а Mercedes 67. На Ford пак толку пари ќе му донесат 908, а Nissan дури 926 продадени возила.


