Ferrari SUV? Попрво застрелајте ме!

Ferrari SUV? Попрво застрелајте ме!

Објавено на 11 јули 2017 година

Тоа беа зборовите што Серџо Маркјоне ги изрече лани зимата. Но сé тече, сé се менува, па и неговите убедувања – Ferrari изгледа сепак работи на развој на SUV модел. Информациите се далеку од официјални, но прецизни – кодната ознака на новиот модел е F16X и ќе се темели на GTC4 Lusso. Тоа и не е изненадувачки затоа што овој модел како наследник на FF е единствен во понудата на производителот од Маранело кој има погон на сите четири тркала. Бидејќи сé е завиткано со велот на тајноста, широко е полето за шпекулации во кои се споменува 2021 година како најран термин за лансирање. И додека вистинските фанови на марката се надеваат дека овие информации не се вистинити, сите други се прашуваат дали освен новиот V8 турбо бензинец од 488 GTB ќе има и други погонски опции. Сепак, ниту најхрабрите не споменуваат дизел. Но како тргнало, сé е можно…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER