Ferrari Roma Spider – Платнениот покрив повторно во мода

Сон на летната ноќ

Се чини дека модата на кабриолетите со тврд преклоплив покрив поминува

Ferrari го врати во употреба платнениот покрив кај спајдер верзијата на Roma. Токму тој му ја дава беспрекорната елеганција на овој модел, кој подеднакво заводливо изгледа и затворен и отворен.

Неговиот Dolce Vita стил просто мами на уживање во медитеранското сонце зачинето со 620-те твин-турбо коњски сили кои ги испорачува V8 агрегатот сместен напред. Тој на Roma Spider му обезбедува забрзување до сто километри на час за 3,4 а до двесте за 9,7 секунди.

А ако не се подигне ногата од педалата за гас ќе стигне до максималните 320 километри на час. Покривот кој му додава дополнителни 84 килограми може да се спушти или подигне за 13,5 секунди. Покрај убавината, Ferrari Roma Spider може да се пофали и со исклучителната аеродинамика.

Истакнатиот преден сплитер визуелно продолжува во страничните прагови, а задниот спојлер со помош на посебен механизам се подесува во три позиции. Не е занемарена ни практичноста и Roma Spider со подигнат покрив има багажник од 255 литри.

За багаж се наменети и задните седишта на кои реално нема место за да може некој да седне. Од Маранело сé уште ја немаат објавено цената, а првите примероци ќе им бидат испорачани на купувачите навреме да ги фатат летните сончеви зраци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER