Ferrari Purosangue – Поради силната побарувачка, на пауза!

Цврсто држење до принципите

Ферари ги паузираше новите нарачки на Purosangue откако листите на чекање достигнаа две години.

Ергелата Ферари привремено престана да прима нарачки за Purosangue поради преголем интерес за моделот. Во септември беше претставен 12 цилиндричниот Purosangue со бензински погон, кој производителот на спортски автомобили претпочита да го опише како со четири врати и со четири седишта, а не кросовер. Уште тогаш раководството најави дека годишно максималниот број произведени „чистоктрвни“ пастуви нема да ја надмине квотата од 20 проценти од вкупното производство во Маранело. Со оваа филозофија се задржува високиот степен на ексклузивност, но тоа имаше ефект како да се гасне пожар со бензин. Едноставно, преголемиот интерес и листата на чекање за испорака до две години го принуди раководството да го повлече Purosangue од понудата и за тоа нема да дава дополнителни информации. Списоците на чекање за испорака на новите модели на растегнатото коњче обично траат околу 18 месеци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER