Ferrari F80 – Новиот суперавтомобил од Маранело

Познато е дека отприлика на секои десетина години Ferrari претставува нов модел чија улога е да биде знаменосец на флотата.

Традицијата што ја започна F40 сега ја продолжува новиот F80 кој истовремено прекина една друга традиција – место V12 ќе има само V6 мотор. И тоа мал од три литри но затоа моќен бидејќи со помош на двата турбо компресора развива 900 коњски сили.

За да биде во духот на времето се погрижија трите електромотори кои додаваат уште 300 коњи. Сета таа ергела е способна за забрзување до сто на час за 2,15, до двесте за 5,75 секунди и за максимална брзина од 350 километри на час.

Ако и покрај тоа некој се сомнева во спортскиот дух на F80 треба да знае дека не постои чисто електричен режим на возење туку само хибриден, перформансен и максимален. Каросеријата е монокок од јагленородни влакна со алуминиумски подрамки зацврстени со титаниумски завртки.

Има две седишта но совозачкото е повеќе за украс и пополнување на просторот отколку за употреба. Ослонувањето е активно, исто и аеродинамиката која при 250 километри на час генерира притисок од илјада килограми. Изгледот нема да го дискутираме ниту пак цената од 3,6 милиони евра.

Ќе бидат направени точно 799 примероци за кои се зборува дека сите веќе се резервирани.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER